Како скопски Буњаковец го добил името и како изгледал некогаш?

1 min read

Скопската населба Буњаковец постои уште од почетоците на 20. век.

Буњаковец како маалска четврт се формирала во меѓувоениот период, некаде помеѓу 1924-1928 година и како и во другите скопски маала така и тука богатите граѓани граделе големи семејни куќи.

Со текот на времето додека Скопје растело и населбата почнала да се урбанизира.

Во однос на името кое го носи, еден скопјанец во Фејсбук групата „Стари скопјани“, појаснува дека го има добиено кога еден српски богат претприемач по име Буњак, кој инаку потекнувал од Призрен, го купил ова место од некој туски бег. Па така, ова скопско маало почнале да го викаат Буњаковец.

Според информациите на скопјани, во шеесетите години на минатиот век тука почнале да се градат еднокатни и двокатни куќи со архитектура специфична за тој период, а тоа се всушност градбите на денешната улица Дебарца, а тогаш позната какао „Кнез Михајлова“.

Со годините оваа скопска населба станува една од најаатрактивните и каде, по примерот на Буњак, други богати српски претприемачи, почнуваат да инвестираат и градат куќи, раскажува еден скопјанец од овој дел на старо Скопје.

Еве како изгледала оваа скопска населба во далечната 1928 година.

skopjeinfo.mk

Претходно

ЦУК трага по 77 годишно лице – од трлото со овци се упатил кон домот по што му се губи трага

Следно

Драмата во црногорската влада продолжува: Премиерот Кривокапиќ бара смена на вицепремиерот Абазовиќ од друга функција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian