ФОТО | Сцената ја замени со селска идила: Ивана Банфиќ ги поздрави обожавателите од штала

1 min read

Пејачката Ивана Банфиќ ја замени сцената со селска идила. Банфиќ на социјалните мрежи откри дел од нејзиното секојдневие во Стара Дренчина во близина на Сисак во Хрватска, каде пред неколку години се пресели со сопругот и синот.

„Само природно“, напиша Ивана покрај фотографијата на која ја чисти внатрешноста на шталата облечена во шорцеви, топ и гумени чизми.

„Ивана легендо“, „Најубавата Ивана за мене, овде и каде било“, „Ах, убава фотографија“, „Колку си ми убава“, „Ја обожавам оваа жена и кога молзи коза“, „Не се менувај , Ивана“, „Најсилниот си“ „Живеј нормално и среќно! Твоите песни и име запишано меѓу ѕвездите“, „Уникатни и неповторливи“, се дел од коментарите.

Ивана беше една од најголемите ѕвезди на Балканот во 90-тите редејќи хитови кои се пеат до ден денес. Но, таа реши да го замени таквиот живот со оној на ранчот каде, меѓу другото, сама одгледува зеленчук, а на социјалните мрежи покажува
како изгледаат нејзините денови во природа.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Збришани 130 милијарди долари од крипто пазарот – Биткоинот паѓа незадржливо

Следно

„Романтично“ во Анталија, Рушевиќ стрелаше за победа над Лвов

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian