Македонскиот пејач Александар Белов, кој својата кариера и живот продолжи да ги гради во Србија, изминатиов период имаше навистина голема причина за среќа.
Неговата сопруга Јелена, ја донесе на свет малечката Мина на 13 јануари, годинава.
Дека радоста во семејството е огромна, сведочи и споделената фотографија на пејачот на неговиот инстаграм-профил на кој тој напиша:
„Никој не ни кажа дека вака ќе изгледа сево ова. Никој не би ни можел да ни каже. Ова е целиот наш живот, а нашиот дом е вистински дворец на среќата и љубовта!“
На фотографијата е малечкото раче на Мина во прегратка на мама и тато и навистина буди прекрасни емоции, а многу фанови и пријатели на Александар и Јелена не ги штедеа убавите коментари:
„Честитки од срце“
„Вистинска љубов“