ФОТО | Канје Вест конечно ја преболи Ким: Се фали со новата девојка каде и да стигне!

1 min read

Помина една година откако раперот Канје Вест и старлетата Ким Кардашијан се разведоа. До неодамна тој се обидуваше да ја врати на сите можни начини, дури и на јавните настапи.

Но, изгледа сето тоа плачење во јавноста сега е зад него, бидејќи тој има нова девојка, Џулија Фокс, позната актерка и изведувачка од Њујорк.

„Ме сликате со мојата нова девојка“ – им рекол Канје Вест на папараците во едно дофрлување кога тие го фотографирале.

Новопечениот пар веќе продефилира на модната недела во Париз каде и двајцата беа од глава до пети во џинс, а неретко кога ги фотографираат, и двајцата се во складна комбинација и се претопуваат еден во друг. Tака беше и на вечерната појава на модната недела, каде Канје беше целиот во црна моторџиска комбинација, а неговата партнерка во скарлетно црвен фустан со иста тематика и сребрени чизми.

Канје Вест и Џулија Фокс
Perusseau – Da Silva / Bestimage / Profimedia

Стариот живот спакуван во кутии: Џулија Фокс раскажа како Канје Вест целосно ѝ ја трансформирал гардеробата, само пар недели откако излегуваат

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Четвртата доза вакцина штити од потешка форма на Ковид-19

Следно

Пеколен февруари: Барса може да ја заврши сезоната на 1 март!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian