Двајца работници загинаа во експлозија во фабрика во Србија

1 min read

Двајца работници загинаа, а уште еден е повреден во експлозија која се случи во фабриката „Агросава“ во Шимановци во Србија, јавуваат српските медиуми.

Имено, како што пишува медиумот експлодирал сад под притисок на водена пареа и загинале двајца работници на возраст од 36 и 45 години, а еден работник е повреден. Според Танјуг, повредениот работник не е во животна опасност.

За време на несреќата немало пожар или експлозија на гас.

Инцидентот се случил во погон каде се правени последните подготовки за почеток на производство на храна за кучиња и мачки. Се претпоставува дека бојлерот за греење експлодирал, а дека настраданите биле блиску до него. Големата детонација ги отфрлила нивните тела, а тие починале на самото место на несреќата.

Засега никој од фабриката не сака официјално да се огласи за оваа несреќа додека не заврши истрагата.

Компанијата „Агросава“ се занимава со производство на производи за заштита на растенијата, уште од 1990 година, а седиштето и е во Белград.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петровска: Доколку НАТО побара, македонската армија може да се вклучи во можниот конфликт меѓу Русија и Украина

Следно

ВИДЕО | Дечкото на Ким Кардашијан го исмејува Ѓоковиќ: Срамна шега, велат фановите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian