Димитров: Не е успех само да се тргне бугарското вето, туку и начинот на кој ќе се направи тоа

1 min read

Поранешниот вицепремиер и министер за надворешни работи, Никола Димитров, во вечерашното гостување на ТВ Сител, говорејќи за претстојната заедничка седница на македонската и бугарската влада во Софија, рече дека смета оти се брза во спорот и дека ова е целосен став на новата влада и не е поврзано со претходната.

Според Димитров, претходниот став бил дека „ова е пакет“.

-Ако ги тргнеме елементите ќе биде потешко за компромис. Во вторникот се потврди дека само Македонија направи отстапка. Мора по лекциите од минатото да не правиме еуфорија и да бидеме внимателни. Тешките теми остануваат. Успехот не е само да се тргне бугарското вето, туку и начинот на кој ќе се направи тоа. Не мислам дека проблемот ќе се реши, ако се преправаме, вели Димитров во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.

Тој додава дека е важно да се повторува дека постои македонски јазик и македонско малцинство во Бугарија.

-Јазикот мора да стои чисто во преговарачката рамка, истакнува Димитров.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Романтично“ во Анталија, Рушевиќ стрелаше за победа над Лвов

Следно

Овој градоначалник почна да добива плата во КРИПТОВАЛУТИ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian