Брегалница Штип ремизираше на вториот тест во Анталија

1 min read

Фудбалерите на Брегалница одиграа без победник (1:1) против азербејџанскиот суперлигаш Зира на вториот пријателски натпревар за време на подготовките во Анталија, Турција.

На дуелот кој се одигра во Белек, играчите на тренерот Илчо Ѓорѓиоски доминантно го почнаа натпреварот, веќе во петтата минута преку Владимир Дујовски „сините“ поведоа со 1:0. Но, противникот израмни со погодокот на Волков во 14 минута.

Во продолжението од првиот дел и низ второто полувреме клубот од Штип имаше многу повеќе од играта од противникот. Далеку подобар беше македонскиот прволигаш создавајќи и најмалку пет 100% шанси за погодок преку Мартин Стјановски, Додев, Алтипармаковски и Живуљиќ, но на крајот резултатот остана непроменет.

Шанса на мечот добија буквално сите расположиви играчи во составот на Илчо Ѓорѓиоски.

На првиот тест-дуел во Анталија Брегалница славеше со 1:0 против рускиот Кубан Краснодар. Следниот контролен натпревар штипјани ќе го имаат на 27. јануари против украинскиот Металист од Харков.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Медицинска сестра откри: Пет работи по кои луѓето на смртна постела најмногу жалат

Следно

718 нови случаи на ковид-19, во изминатиот ден починале 14 пациенти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian