Ако уживате во маратонско гледање серии, ова може да ве загрижи!

2 mins read

Иако веројатно никој никогаш не помислил дека маратонското гледање серии може да биде штетно, се појави студија која докажува дека гледањето повеќе од четири часа тв содржини дневно е штетно за здравјето.

Имено, тоа ја зголемува можноста за згрутчување на крвта што може да доведе до сериозни здравствени проблеми, проблеми или дури и смрт.

Состојбата позната како тромбоемболизам е предизвикана од згрутчување на крвта кои се формира во вените, а најчеста форма е длабоката венска тромбоза, која предизвикува оток и болка, иако многумина не ги ни чувствуваат симптомите.

via GIPHY

Овие блокади може да ги оштетат вените, особено ако не се лекуваат навреме, а тоа може да доведе до компликации како што се хронична болка, оток и чиреви.

Фактори на ризик се секако возраста, оштетувањето на вените и веќе постоечките состојби како што се срцевите заболувања. Но, предолгото престојување на едно место го зголемува ризикот и тоа е вообичаено кај пациентите кои се врзани за кревет поради тешка болест.

35% поголеми шанси за развој на тромбоза

Во текот на истражувањето биле анализирани околу 130 илјади учесници постари од 40 години на кои на почетокот на студијата не им била дијагностицирана тромбоза.

Нивното здравје било следено неколку години, а тие одговарале на прашања поврзани со животните навики, вклучително и гледањето телевизија.

via GIPHY

На повеќе од 1.000 луѓе им била дијагностицирана длабока венска тромбоза во еден момент од студијата. Оние кои влегуваат во групата за подолго гледање се оние кои поминуваат три или повеќе часа дневно гледајќи телевизија и беше откриено дека имаат 35% поголеми шанси да развијат тромбоза од оние кои ретко гледаат телевизија.

Иако врската помеѓу гледањето телевизија и згрутчувањето на крвта може да постои и кај оние кои спортуваат, тоа не значи дека активноста не помага.

Редовното вежбање секако го намалува ризикот, а на оние кои подолго гледаат телевизија во една положба им се советува да прават кратки паузи и да стануваат и да се истегнуваат на секои 30 минути.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Косово може да ја преразгледа одлуката за три вакцини при влез во земјата

Следно

ФОТО: Ковачевски му се заблагодари на Петков за срдечниот пречек

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian