Виландер: Нема да има голема четворка во новата генерација

1 min read

Поранешниот гран слем шампион, Матс Виландер, смета дека новата генерација тенисери нема да може да ги повтори успесите на Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал, Рожер Федерер и Енди Мареј.

– Мислам дека нема да имаме голема четворка во оваа генерација. Тука ќе има седум, осум, девет или десет тенисери кои ќе освојат по една титула. Зверев е еден од нив, тука се и Феликс Оже-Алиасим, Матео Беретини – вели Виландер.

Поранешниот тенисер смета дека помладите тенисери се далеку од квалитетот на генерацијата во која доминираа Ѓоковиќ, Надал, Федерер….

– Сè уште не гледам квалитети кај Зверев кој ги гледам кај Ѓоковиќ, Надал или Федерер. Зверев нема да може да доминира како нив бидејќи во мечот со Шаповалот, на емотивен план покажа дека не е врвен тенисер – додава Виландер.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Потресна исповед на Андријана и Теодора: Како деца биле болни од рак, сега се победници

Следно

Коњановски: Пожарникарите се борат со огнот, многу е важно тој да не се прошири

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian