ВИДЕО: Нови снимки покажуваат како гори „Жито Битола“, МВР објави детали за големиот пожар

1 min read

Неколку противпожарни возила и најмалку 20 пожарникари вечерва се борат со големиот пожар кој избувна во фабриката за леб и бели печива „Жито Битола“. На снимките кои ги објави телевизија Телма, се гледа дека објектот е речиси целосно обвиен во пламен, а од него се издигнува густ црн чад.

„На 23.01.2022 во 17.20 часот во СВР Битола било пријавено дека има пожар во фабрика за леб лоцирана во индустрискиот дел на Битола. Веднаш се упатени екипи на територијалната противпожарна единица Битола и полициски службеници и се преземаат мерки за гасење на пожарот. Досега нема пријава за повредени лица“, велат од МВР за пожарот.

Според противпожарната служба од Битола, на терен се две противпожарни возила со дваесетина пожарникари кои се борат со огнената стихија. Засега не се знае како избувнал пожарот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Баерн сака да и го „украде“ Де Јонг на Барселона

Следно

ОГНЕНИТЕ ЈАЗИЦИ ПЕПЛОСУВААТ СÈ ПРЕД СЕБЕ – гори познатата фабрика во Битола (ВИДЕО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian