Здравствената служба од турскиот град Бурса соопшти дека во рамките на борбата против пандемијата, во градот и околината работат мобилни тимови кои овозможуваат вакцинација на старите и другите луѓе кои не можат да дојдат на местото за вакцинација.
Денеска, мобилен тим го посети 101-годишниот Галип Узунџа, кој работел како медицинско лице повеќе од половина век. Тој минатата недела испратил писмо за вакцинација, а медицинскиот тим, предводен од директорот на здравствената канцеларија во Бурса, го посетил во неговиот дом.
Директорот на Управата за здравство ги повикал и останатите граѓани, особено младите да се вакцинираат и да го следат овој пример.