ВЕЧЕРВА ТУКА ВРНЕ СНЕГ – еве каква прогноза најавува УХМР за во следните денови, особено подгответе се за рекордно ниска температура

1 min read

Вечерва снег без престан врне на сите повисоки места и планини во земјава.

Снег врне во Маврово, Попова Шапка, Крушево,Пониква, Нижо Поле како и Копанки.

Времето утре ќе биде променливо облачно, многу студено и ветровито. Во планинските подрачја повремено ќе провејува снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Во вторник времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и многу студено. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Во среда времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Во четврток времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

kurir.mk

Претходно

Пожарот во Битола е ставен под контрола, се чуваат силосите со жито во близина

Следно

ВИДЕО: Таткото на Матеј вели дека две „дупки“ се многу важни, потрагата и по 24 дена не запира

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian