УФЦ: Нгану останува шампион, на поени го победи Гање

1 min read

Камерунецот Френсис Нгану останува УФЦ шампион во тешка категорија откако на УФЦ 270 приредбата го победи предизвикувачот Сирил Гање на поени.

Интересно е што иако Нгану во откагонот влезе како шампион, обложувалниците го сметаа Гање за фаворит. Французинот така и влезе во главната борба на УФЦ 270 приредбата, доминираше во првите две рунди против поранешниот спаринг партнер.

Но, Нгану почна да се враќа во третата рунда, го собори на подот Гање и оттогаш ја презеде контролата над борбата. Шампионот го „рушеше“ предизвикувачот и во четвртата и во петтата рунда и тоа беше доволно судиите да одлучат во негова корист, 48:47,48:47,49:46.

Во втората борба за титула на УФЦ 270 приредбата, Деиверсон Фигуеиредо го врати шампионскиот појас во мува категорија по победата над Брендон Морено.

Единствено првата рунда не беше премногу возбудлива бидејќи двајцата борци влегоа претпазливо во борбата и поактивен беше Фигуеиредо кој ја освои рундата што може да се покаже како одлучувачка.
Од втората рунда, двајцата борци напаѓаа со целиот свој арсенал, удари со раце, удари со нозе и рушења на под имаше до крајот, а судиите одлучија титулата да ја освои Фигуеиредо за кого сите тројца гласаа идентично, 48:47,48:47,48:47.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Традиционален рецепт за македонско макало кој го чува имунитетот

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Биљал Касами со лопата во раце копаше и отстрануваше снег и мраз од градските тротоари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian