Три одлични студии, три одговори: Колкава заштита обезбедуваат вакцините против омикрон?

2 mins read

Три студии објавени вчера понудија повеќе докази дека вакцините против ковид-19 се ефикасни во заштитата од варијантата омикрон, барем кај оние кои ја примиле третата доза од вакцината.

Ова се првите големи американски студии кои се занимаваат со заштитата што ја обезбедуваат вакцините против омикрон, рекоа здравствените власти, пренесе АП.

Студиите дошле до резултатите кои се содржани во претходните истражувања, вклучително и студиите во Германија, Јужна Африка и Велика Британија, кои укажуваат дека достапните вакцини се помалку ефикасни против варијантата омикрон во однос на претходните варијанти на коронавирусот, но и дека третата доза значително ја интензивира заштитата.

Хоспитализација

Првата студија ги разгледувала  хоспитализациите и посетите на брза помош во 10 американски држави од август до јануари.

Утврдено е дека ефикасноста на вакцината е најдобра по три дози на вакцината на „Фајзер“ или на „Модерна“ во превенцијата на итна помош поврзана со ковид-19.

Заштитата паднала од 94 отсто во текот на бранот делта на 82 отсто во текот на бранот омикрон.

Заштитата на само две дози била помала, особено ако поминале шест месеци од примањето на втората доза.

Смртност

Друга студија се фокусирала на случаите на ковид-19 и стапките на смртност во 25 американски држави од почетокот на април до Божиќ.

Луѓето кои ја примиле третата доза од вакцината биле позаштитени од инфекција со коронавирусот, како во времето кога делта беше доминантна, така и во времето кога преовладувал омикрон.

Двата написи беа објавени на интернет од Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ). Списанието на Американското медицинско здружение ја објавил третата студија која, исто така, ја воделе истражувачите на ЦДЦ.

Прележан ковид

Тие испитувале луѓе кои биле позитивни на ковид-19 од 10 декември до 1 јануари на повеќе од 4.600 места за тестирање низ Соединетите држави.

Три дози вакцини на „Фајзер“ и „Модерна“ биле околу 67 отсто ефекасни против симптоматските болести поврзани со омикрон во споредба со невакцинираните луѓе.

Меѓутоа, двете дози не пружале значителна заштита против сојот омикрон, откриле истражувачите.

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Берлускони нема да се кандидира за претседател на Италија

Следно

Изненадување во Мелбурн: Зверев во аут, Надал сигурно чекори кон финале

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian