СЗО: Омикрон не е последната варијанта на пандемијата на коронавирусот

1 min read

Високата претставничка на Светската здравствена организација Марија ван Керхове денеска ги предупреди земјите кои мислат дека ставиле крај на пандемијата на коронавирусот бидејќи бележат пад на бројот на новозаразени, дека омикрон не е последниот сој на оваа пандемија.

– Во многу земји како Велика Британија, каде има развиено високо ниво на имунитет на населението од инфекции, каде што покриеноста со вакцинација е висока, ќе видат разлика во иднина. Вие се наоѓате во втората фаза од пандемијата, рече таа за Би-Би-Си.

Таа истакна дека од досега администрираните 10 милијарди дози вакцини против коронавирус, има уште три милијарди луѓе кои ја чекаат првата доза.

– Сè уште имаме многу чувствителна популација. Тоа е глобален проблем, затоа мораме да го третираме со глобални решенија, рече таа, додавајќи дека пандемијата на коронавирусот нема да заврши со овој бран на омикрон и дека тоа не е последниот сој за кој ќе зборува.

kurir.mk

Претходно

Дел од министрите во црногорската влада вечер на протест

Следно

Оваа опасност демне ако сте на зимување: Како настануваат снежните лавини и како да се заштитите?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian