Скандал во Србија: На Телеграм се појавија групи кои нудат кокаин, спид и други наркотици

1 min read

На чет мрежата Телеграм во Србија се појави нова група наречена „BoysProblemsClubBeograd“, која нуди дрога на продажба. За скандалот да биде уште поголем, на автобуската станица е закачена реклама за таа група, а на неа има шифра преку која се влегува, пишува Блиц.рс.

Во огласот пишува дека се нудат сканк, потоа, марихуана, кокаин, печурки..

На самиот влез во групата, на Телеграм пишува дека ова е првата даркнет продавница и дека работат по „deaddrop методот“, кој е специфичен за дарк веб продажбата.

На Фејсбук кружи и групата „Drop Cartel 021“ која е задолжена за продажба на територијата на Нови Сад.

Оваа втора реклама објаснува што значи dedaddrop, а тоа е дека дрогата е скриена на некои места, како  под карпа, во грмушка и клиентот ја добива локацијата и оди и ја зема.

Овој систем започна со појавата на дарк веб, а полицијата најде начин да им ги „скрши“ системите за заштита.

На властите им останува да спроведат истрага за овие групи на Телеграм.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кошлуков: На Грција и требаа 25 години да ја поправи географијата на РСМ, можеби нас ќе ни требаат 25 години да ја поправиме историјата

Следно

ФОТО | Нашите познати личности се простија од Аки: Каролина, Џамбазов, Весна Петрушевска со емотивни објави…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian