СДСМ: Со недела неработен ден се слеваат два отсто повеќе даноци

1 min read

„Недела неработен ден е проект во низата проекти на Владата предводена од СДСМ кој ги унапредува работничките права“, соопштија од СДСМ.

„Трет викенд по ред недела е неработен ден за 92 отсто од сите работници, а оние осум отсто кои денеска работат добиваат од 50 до 100 отсто повисоки дневници.

Со ова се реализира клучно ветување пред граѓаните дадено пред парламентарните избори во 2020 година.

Со недела неработен ден, се слеваат два отсто повеќе даноци кои ќе завршат во посебен фонд од кој ќе се инвестира во изградба на детски градинки.

СДСМ како одговорна државотворна партија продолжува со реализација на мерки политики кои значат заштита на работничките прави и повисок економски стандард за сите граѓани“, додаваат оттаму“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Изненадување во Мелбурн: Зверев во аут, Надал сигурно чекори кон финале

Следно

ВМРО-ДПМНЕ со трибина „Заштита на националните и државни интереси наместо пазар дипломатија“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian