Повеќето пациенти со омикрон може да се лекуваат дома, но во случај на овие симптоми, мора веднаш на лекар

2 mins read

Со недели наголемо се пишува и зборува за новиот сој на корановирусот – омикрон, а речиси сите извештаи ја имаат истата порака – станува збор за варијанта која предизвикува полесни заболувања отколку претходните, но сепак, не е безопасна и може да доведе до тешки состојби.

На повеќето пациенти можеби нема да им биде потребна медицинска помош, а младите и здрави луѓе со благи симптоми можат лесно да се опорават и дома.

Доктор Мелани Свифт од познатата клиника „Мејо“ дала неколку совети за домашно лекување на пациенти кои се позитивни на ковид-19.

– Ако имате благи симптоми, треба многу да одмарате, пијте многу течности и можете да земате лекови за симптоми на треска кои се земаат без рецепт – изјавила таа за „Минесота њуз“.

Но, д-р Свифт истакнала дека одредени симптоми се јасен показател дека мора да побарате лекарска помош.

– Ако имате проблеми со дишењето, мора да побарате лекарска помош. Болката во градите или притисокот во градниот кош е уште една причина да се јавите кај лекар, како и ако се чувствувате збунето, зашеметено или како да ќе се онесвестите во секој момент. Ако вие или други луѓе забележите дека сте многу бледи или дури синкави, а особено усните или врвовите на прстите, тоа е знак дека ви треба повеќе кислород и дека мора да одите во болница – објаснила д-р Свифт.

Имајте на ум дека доколку имате каква било хронична болест, таа може да се влоши откако ќе се заразите со коронавирусот и во тој случај посетете лекар, дури и ако симптомите се благи.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Хрватска: Над 7.000 новозаразени и голем број починати во изминатиот ден

Следно

Ливерпул може да победува и без Салах и Мане

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian