Потресна исповед на Андријана и Теодора: Како деца биле болни од рак, сега се победници

4 mins read

Андријана Серафимовска и Теодора Трајковска се пример како желбата за живот и поддршката од најблиските и лекарите помагаат да се победи непобедливото. Во еден момент ѝ погледнале во очи на смртта.

Фото: Приватна архива

– Кога имав 12 години преку биопсија дознав дека имамостеосаркома, тоа беше во 2009година – се сеќава Андријана.

– Јас боледував пред 12 години од акутна лимфобластна леукемија – започнува Теодора.

Не така одамна биле дечиња болни од рак. Исплашени, и тие и родителите, со месеци живееле во болница, во исчекување, со измешани чувства. Но биле цврсти, силни, па дури и насмеани. Успеале да победат.

– Остеосаркома е канцер на коските, ми ја дијагностицираа на 12 години на левото колено. Цела година ја поминав на клиника, операција и хемотерапии. Операцијата ја правев во Шведска, имам ставено биолошка протеза – раскажува Андријана.

– Ја победив леукемијата и тоа ми е главната инспирација да им помагам на дечиња болни од рак. Процесот на лекување се состоеше од хемотерапија и радиотерапија. Имав период на прилагодување, за мене не беше лесно да зборувам пред другите за она што ми се случување, дури ни пред најблиските. Ми требаше време за да го пребродам тоа, но бев малечка, не знаев толку многу за болеста – раскажува Теодора.

Фото: Приватна архива

Андријана и Теодора се запознале во болница, каде што двете лежеле, живееле заедно и се дружеле. Оттогаш се нераздели во желбата болните деца утре да бидат како нив, победници.

Со САНО организираат и одат на разни конвенции и конференции. Имале конвенција во Струга, дружење во МКЦ во Скопје… често се на Детската клиника, играат со децата, цртаат, пеат, се забавуваат, но и сериозно разговараат со нив и со нивните родители.

– Постојат секакви видови канцер, постојат и разни исходи од нив, но јас сватив дека не сум сама, иако тоа беше мојата втора шанса за живот, јас продолжувам да живеам, Благодарение на конференциите сватив дека не сум сама – вели Андријана.

– Најголема подршка видов и добив преку учеството на конференциите што ги правевме низ Балканот, каде се запознав со луѓе кои поминале низ таква борба. Едноставно ми дадоа стимул и поттик да зборувам, дека тоа не енешто од што треба да се срамам. Гледајќи ги и слушајки ги и јас можам денес да зборувам за она што сум го поминала и преживеала – вели Теодора.

Стигмата кај луѓето е голема. Мислат дека е крај на светот и нема понатаму. Има случаи кога до ден-денес некои деца не знаат што преживеале.

– Јас имам мотивирачка околина, иако како личност сум затворена. Мене одењето на клиника не ми буди негативни спомени. Борбата и желбата за живот се раѓаат. Не знаете колку се борат децата и колкава желба за живот имаат. Се дружат, мирни се, вредни. Тоа се деца што сакаат да живеат – ни раскажува Андријана.

И после толку години тие се уште победуваат кога им помагаат на дечињата болни од рак, со кои волонтерски се дружат на Клиниката за детски болести, а родителите во нив гледаат надеж. Сè е поинаку кога пред тие родители стои некој што им е доказ дека има живот и по ракот, дека нема откажување, велат Ангела и Теодора.

Фото: Приватна архива

Така заедно со колегите и пријателите од САНО организирале регионална конференција со децата-херои, конференција со ЕМСА Македонија и постојано работат на проекти за помош на децата кои сега се она што некогаш биле тие.

Извор: Еспресо.мк

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Претседателот на Ерменија поднесе оставка

Следно

Виландер: Нема да има голема четворка во новата генерација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian