Перез и Лапорта имаат таен пакт, нема да си ги крадат фудбалерите

1 min read

Претседателите на Реал Мадрид и на Барселона, Флорентино Перез и Жоан Лапорта иако се големи ривали, во интерес на нивните екипи, соработуваат заедно и постигнаа таен пакт.
Така беше и кога се создаваше европската Суперлига, а се се договорија да не си ги крадат фудбалерите, пишува „Марка“.

Перез и Лапорта се договориле да не пројавуваат интерес за играчите на Барселона или Реал Мадрид кои сè уште имаат договор со своите екипи.

„Реал и Барселона се плашат еден од друг, не се сакаат, но сепак се почитуваат. Перез и Лапорта се согласија дека е подобро да бидат во добро односи и не се борат еден против друг за своите играчи. Перез и Лапорта со месеци тајно разговараа и се договорија дека нема да ги земаат фудбалерите на кои им завршува договорот и на кои интересот од големиот ривал би можеле да го искористат за да добијат подобри договори. Тој пакт е на сила само за играчи кои се под договор, додека на трансфер пазарот нема правила“, пишува „Марка“.

Овој договор е постигнат откако во јавноста  се појави информација дека Реал Мадрид е заинтересиран за играчот на Барселона, Роналд Араухо.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во продажба „Greatest Hits Collection“ на гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски

Следно

Кошлуков: На Грција и требаа 25 години да ја поправи географијата на РСМ, можеби нас ќе ни требаат 25 години да ја поправиме историјата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian