Најлудата приказна на ЕП 2022: Директно од работа дојде да брани и стана играч на натпреварот

1 min read

Ракометната репрезентација на Холандија вчера ги освои првите бодови во главната рунда на Европското првенство со победата над Црна Гора од 34:30, а вистински јунак беше Тијс ван Леувен со 14 одбрани.

Ова воопшто не би било изненадување доколку Ван Леувен 36 часа пред почетокот на натпреварот не беше на своето работно место. Тој воопшто не е професионален ракометар и аматерски тренира во белгискиот Спортинг Пелт, а по професија е медицински дизајнер за импланти во черепот.

– Во петокот бев на работа кога ми се јавија од рерпезентацијата да прашаат дали сум слободен. Дојдов во Будимпешта, имам и свој лаптоп со мене за да бидам во тек со работите во компанијата – изјави по натпреварот Ван Леувен.

Тој дојде како замена бидејќи двајцата најдобри холандски голмани Равенсбергер и Шелекенс беа позитивни на коронавирус, а подоцна и третиот голман имаше позитивен ПЦР тест, по повик за настап доби токму Ван Леувен.

Ван Леувен со првиот авион пристигна во Будимпешта и стана главен лик во најдобрата ракометна бајка на Европското првенство.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Беше првиот супермодел и најубавата жена на светот: Се уништи со пластичните операции!

Следно

Хрватска: Над 7.000 новозаразени и голем број починати во изминатиот ден

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian