Монструозниот сопруг ја труел преку шминката: Џенет секое утро ги шминкала очите, не знаејќи дека тоа ја убива

7 mins read

Секое утрo, Џенет Овертон се шминкала на истиот начин уште од тинејџерските години како дел од нејзиниот утрински ритуал. Она што таа не го знаела е дека ајлајнерот кој секое утро го ставала на очите полека ја убивал, а зад сето тоа стоел монструозниот план на нејзиниот сопруг, пишува mamamia.com.au.

Фото: Фејсбук

Џенет со месеци чувствувала дека е постојано дехидрирана и дека има мачнини. Сè потешко ѝ било да се движи, па се префрлила на патерици. На кожата ѝ се отворале рани кои биле неподносливо болни. Лекарите немале претстава што се случува со неа.

Единствената личност која имала одговор на прашањето што ја мачи Џенет бил нејзиниот сопруг Ричард, бидејќи тој смислил монструозен план да ја убие својата сопруга со помош на нејзиниот сакан молив (алајнер) за очи. Овој случај повторно е во центарот на вниманието на јавноста откако со него се занимава популарната емисија „Вистински криминалистички разговори“ (True Crime Conversations), а еве што се случило:

Џенет и Ричард биле во брак речиси две децении. Ричард, математичар кој зборува неколку странски јазици и докторирал по психологија, работел како професор на факултетот. Џенет, помлада од Ричард и без такво високо образование, работела како учителка во државно училиште во округот Оринџ, Калифорнија. Била исклучително сакана, ценета и почитувана во целиот град.

Расел Буркет, пријател на оваа брачна двојка, изјавил за „Лос Анџелес тајм“ дека „Ричард го мрази фактот што неговата сопруга е толку популарна“.

– Секогаш ја гледаше со презир и мислеше дека е многу попаметен од неа. Беше зачуден што дури воопшто и добила работа како наставничка, а уште повеќе се чудеше и беше лут што сите ја сакаат и бараат совети од неа – вели Расел.

Нивниот брак извесно време бил на разнишани нозе, а Џен набрзо влегла во афера со оженет колега. Бидејќи тоа е мало место, гласините брзо се прошириле.

„Некој дури оставил и пораки за тоа на сите автомобили во околината“, рекла јавната обвинителка Дебра Џексон.

Подоцна се испоставило дека самиот Ричард ги оставал тие пораки.

Ричард и Џенет го имале синот Ерик, кој бил тинејџер во времето на трагедијата. Џенет го обожавала и секој момент го поминувала со него. Тој учел во училиштето во кое таа работела, па се организирала таа да биде таа што ќе им ги дели дипломите на матурантите таа година кога и нејзиниот син завршувал средно училиште.

– Најмногу од сѐ сакаше да биде токму таа што ќе му ја врачи дипломата на синот, но тоа не ѝ се оствари – изјавила нејзината поранешна колешка Линда Кронер.

На крајот на јануари 1988 година, Џенет и Ерик отишле на излет да набљудуваат китови. Во тоа време, Ричард веќе извесно време додавал селен во нејзиниот молив за очи. Кога сфатил дека последиците не се толку брзи како што тој сакал, решил да се обиде да додаде цијанид во нејзиното утринско кафе. Поради тој додаток, Џенет се онесвестила на паркингот пред таа и Ерик да заминат на излет. Ричард и Ерик повикале брза помош, но немало спас за кутрата Џенет. Таа починала.

Била направена обдукција, но не ѝ направиле тестови ниту за цијанид, ниту за селен. Така, нејзината смрт е регистрирана како смрт од природни последици, а се чекала понатамошна истрага. Нејзиното тело било кремирано, но примероците останале во канцеларијата на судскиот вештак.
Се чинело дека Ричард направил совршено злосторство и продолжил со својот живот, а потоа во јули 1988 година, извесна Дороти Бојер се јавила во полиција. Дороти била првата сопруга на Ричард со која имал еден син. Дороти во полиција пријавила дека Ричард со години се обидувал да ја убие со труење, додека биле во брак.

Дороти му рекла на Ричард дека сака да се разведе откако дознала дека Ричард тајно води друг живот во кој има друга жена и дете со неа. Ричард провалил во куќата на Дороти и истурил селен во нејзиниот шампон, млеко и кофа. Дороти ги трпела истите симптоми како и Џенет. Таа го пријавила и Ричард тогаш признал дека ѝ ставал отров на сопругата, но со ветување дека ќе оди на психолошко советување, бил ослободен од сите обвиненија.

Откако го раскажала сето ова на полицијата, Дороти го посетила Ричард со една од нејзините ќерки и во таа прилика погледнала неколку шкафчиња и фиоки. Заедно со уште неколку сомнителни работи, го нашла и моливот за очи на Џенет полн со селен.

Подоцна полицијата ги пронашла дневниците на Ричард, кои тој опсесивно ги водел, а во кои пишувал за своите сомневања дека неговата сопруга го изневерува со 17 потенцијални мажи. Во дневниците го запишал и својот план за труењето.

Со помош на преостанатите примероци е извршена втората обдукција. Се испоставило дека таа починала поради акутно труење со цијанид, а нејзиното тело имало огромно ниво на селен.

Цел град бил шокиран – угледен научник ја труел сопствената сопруга. Дури во октомври 1991 година тој бил обвинет за убиство, а во тоа време веќе бил во четвртиот брак. Тој пред судот се тврдел дека е невин. Потоа бил хоспитализиран поради депресија, но второто судење, одржано во 1995 година, го прогласил за виновен и го осудиле на доживотен затвор.

– Тешко ми е воопшто да поверувам дека постои такво зло. Изгледа како постар интелектуалец, како нечиј добар дедо. Всушност, тој е арогантен и умешен лажго и манипулатор – изјавил подоцна судијата Мајкл Лајман.

Ричард починал во затвор во 2009 година. Имал 81 година, а неговата четврта сопруга Керол Таунсенд сè уште верува дека тој е невин.

– Тој беше неверојатен, брилијантен човек. Не ја убил својата сопруга. Таа починала од природна смрт – изјави таа за „Orange County Register“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Исчезнат морнар пронајден жив по 30 години, никој не знае зошто не се јавил на своето семејство во Хрватска

Следно

ВИДЕО: Тренерот на Реал одби да се ракува со колегата од Барселона

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian