Ливерпул може да победува и без Салах и Мане

1 min read

Фудбалерите на Ливерпул славеа како гости со 1:3 против Кристал Палас во рамки на 23. коло од Премиер лигата и покажа дека може да победува без напаѓачите Мохамед Салах и Садио Мане, кои се наоѓаат со своите репрезентации на Африканскиот куп на нации.

Со триумфот над Кристал Палас, ја намали негативата во однос на лидерот на табелата Манчестер сити, „црвените“ сега имаат 48 бода, девет помалку од „граѓаните“ но имаат и натпревар помалку.
Ливерпул тргна агресивно и поведе во осмата минута преку Вирџил ван Дајк кој беше највисок во скокот по изведениот корнер на Робертсон.

Во 32 минута, Робертсон ја запиша и втората асистенција, овој пат го „пронајде“ Окслејд-Чембрлен за 0:2.
Домашниот тим на стартот од вториот дел, во 55 минута успеа да намали на 1:2 по одличната акција која со гол ја заврши Едуард. Иако играчите на Кристал Палас имаа неколку шанси да израмнат, до крајот на средбата Ливерпул постигна уште еден гол, а стрелец беше Фабињо од пенал во 89 минута по прекршокот над Диого Жота.

Арсенал ги разочара своите навивачи играјќи 0:0 против Барнли иако доминираше на теренот. „Топчиите“ имаа 75 отсто од поседот на топката, имаа 20 шута кон голот на Поуп, но не успеаја да ја погодат мрежата. Арсенал остана на шестото место на табелата со 36 бода, додека Барнли е последен со 12 бода.
Лестер и Брајтон одиграа 1:1, Дака во 46 минута го донесе во водство домашниот тим, но, Велбек во 82 минута погоди за гостите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Повеќето пациенти со омикрон може да се лекуваат дома, но во случај на овие симптоми, мора веднаш на лекар

Следно

Млада девојка нападната од својот дечко пред кафуле

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian