Хрватска: Над 7.000 новозаразени и голем број починати во изминатиот ден

1 min read

Во изминатите 24 часа, во Хрватска се забележани 7.095 нови случаи на ковид-19, а од последиците на болеста починале уште 36 пациенти.

Како што наведуваат здравствените власти, во земјата во моментов има 63.587 активни случаи на ковид-19, а 1.860 пациенти се на болничко лечење. 201 пациент е приклучен на респиратор.

Околу 47.000 луѓе се во изолација. Од почетокот на пандемијата, во Хрватска имаше 877.000 заразени и 13.407 починати од ковид-19.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Најлудата приказна на ЕП 2022: Директно од работа дојде да брани и стана играч на натпреварот

Следно

Повеќето пациенти со омикрон може да се лекуваат дома, но во случај на овие симптоми, мора веднаш на лекар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian