ФОТО | Омилениот десерт на Јелена и Новак Ѓоковиќ: Бомбици готови за 10 минути

2 mins read

Исхраната на тенискиот ас Новак Ѓоковиќ и на неговата сопруга Јелена се заснова на здрави намирници, а она што го приготвуваат како свои оброци е исклучително вкусно и благодарно за подготовка. Ако досега не сте пробале, еве можност да пробате еден од нивните омилени колачи. Сопругата на најдобриот тенисер на светот се пофали со десерт, кој Новак го обожава.

Познато е дека Јелена на јаде преработени производи, па затоа сосема е логично што се одлучила за нешто што сама го подготвила.

Едно е сигурно во овие слатки бомбици – не содржат ниту шеќер ниту глутен. И многу се вкусни.

Денеска ви донесуваме еден едноставен рецепт, кој е готов за 10 минути и бара само неколку состојки. И  не се пече.

Состојки:

– 200 г путер од бадем
– 150 гр какао снегулки
– 150 гр кокосови снегулки
– 100 мл оризово млеко
– 2 лажици мед
– 150 гр овесни снегулки
– 150 гр јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници) по вкус

Подготовка:

Состојките едноставно соединете ги сите заедно, од нив направете топчиња и ставете ги во фрижидер да се стегнат. Јелена исто така истакнува и дека можете да експериментирате со состојките кои во моментот ги имате дома, како што таа често прави. Така, наместо путер од бадеми, можете да користите какао путер, кокосов или јаворов сируп. Бомбиците може да ги носите секаде со себе, доволно се благи, но воедно и многу здрави. Исто така, можете да ги сервирате и пред гостите и сигурно нема да се покаете.

Фото: Инстаграм/Принтскрин

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Згрозеност во Црна Гора – некој убил видра која заталкала меѓу луѓе

Следно

ЕП 2022: Шведска со победата над Германија остана во трката за пласман во полуфинале

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian