ЕП 2022: Шведска со победата над Германија остана во трката за пласман во полуфинале

1 min read

Ракометната репрезентација на Шведска ја победи Германија со 25:21 во главната рунда и остана во трката за пласман во полуфиналето на Европското првенство. Десеткуваните Германци пружија солиден отпор на актуелниот светски шампион кој на крајот ја оствари и третата победа во главната рунда.

Во првото полувреме, Швеѓаните постојано беа во водство, не дозволија ниту еднаш Германците да израмнат и на одмор заминаа со предност од 12:10. Во второто полувреме, Германците во 37 минута по голот на Раихман за прв пат измранија, по што следеше период од 15-тина минути во кое се играше гол за гол.

Но, Шведска во последните 10 минути, при резултат 19:18 направи серија од 4:0 и поведе со 23:19 што значеше триумф и останување во трката за пласман во полуфиналето.
Најефикасен во редовите на Шведска беше Ване со шест гола, додека кај Германија се истакна Костер со четири гола.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Омилениот десерт на Јелена и Новак Ѓоковиќ: Бомбици готови за 10 минути

Следно

Пожарот во Битола е ставен под контрола, се чуваат силосите со жито во близина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian