Дел од министрите во црногорската влада вечер на протест

1 min read

Дел од министрите во Владата на Црна Гора вечер ќе се приклучат на протестите на граѓаните кои се против најавеното формирање малцинска влада предложена од актуелниот вицепремиер и лидер на граѓанското движење „Ура“ Дритан Абазовиќ.

На протестот пред зградата на Владата на Црна Гора во 19 часот најавено е присуството на министерот за финансии Милојко Спајиќ, министерот за економија Јаков Милатовиќ, министерот за здравство Јелена Боровиќ – Бојовиќ и министерката за образование, наука, култура и спорт Весна Братиќ.

Појавувањето на министрите на уличниот протест е поврзано со иницијативата на граѓанското движење „Ура“ и опозициските партии за изгласување недоверба на Владата на Здравко Кривокапиќ и формирање малцинска влада без актуелните министри. Во Собранието на Црна Гора на 4 февруари е закажано гласање за недоверба на актуелната Влада.

Министерот Јаков Милатовиќ неодамна за црногорската телевизија изјави дека постои можност премиерот Кривокапиќ да формира политичка партија кон која би се приклучил.

Од поднесувањето на иницијативата (19 јануари) за изгласување недоверба на Владата на Здравко Кривокапиќ, во Подгорица и во неколку други градови се одржуваат едночасовни вечерни протести на кои присуствуваа неколку стотици граѓани, а чии организатори не се идентификувани. Евентуалното формирање малцинска влада, по уривањето на постоечката, учесниците на протестите го сметаат за „предавство на изборната волја на граѓаните“ и бараат новата влада да ја формираат партиите од актуелното парламентарно мнозинство составено од Демократскиот Фронт, Социјалистичката народна партија, Демократите и граѓанско движење „Ура“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Здружението на вработените во сектор игри на среќа „САКАМ ДА РАБОТАМ“ со соопштение за неработна недела

Следно

СЗО: Омикрон не е последната варијанта на пандемијата на коронавирусот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian