Селекциите на Тунис и на Буркина Фасо се пласираа во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации. Тунижаните приредија големо изненадување победувајќи ја Нигерија која во групната фаза оствари три победи.
Тунис славеше со 1:0, а единствениот гол го постигна Мсакни во 47 минута и тоа со шут од околу 25 метри.
Буркина Фасо пласман во четврфиналето обезбеди откако по пенал рулетот беше подобра од Габон. Натпреварот во регуларниот дел, а и по двете продолженија беше 1:1. Буркина Фасо поведе со голот на Траоре, но Гира во првара минута од судиското продолжение си постигна автогол и го однесе натпреварот во продолженија.
Во пенал серијата, играчите на Буркина Фасо не реализираа два пенали додека играчите на Габон три.
Токму селекциите на Буркина Фасо и Тунис ќе играат ќе меѓу себе во четвртфиналето.