Власта не може да го прежали поразот во Охрид: Хајка против Пецаков, основ за кривична нема, тој се изолирал веднаш откако добил позитивен резултат

4 mins read

Изминативе неколку дена против охридскиот градоначалник Кирил Пецаков се води отворена хајка, која е резултат на се уште свежиот и непрежален пораз кој власта го доживеа во Охрид на локалните избори. Дел од медиумите денеска објавија непроверена информација дека Пецаков ќе заработел кривична поради непочитување на самоизолација, но за тоа нема никаков основ и Пецаков не може да одговара кривично, бидејќи се изолирал веднаш откако го добил позитивниот резултат на коронавирус. Непочитувањето на самоизолацијата претставува прекршочно дело со парична казна, а не кривично дело.

Пецаков правел тест заради патување, се чувствувал добро и немал симптоми

Пецаков вели дека не се изолирал по тестирањето за Ковид-19 и на Водици излегол да ја следи манифестацијата оти побарал тест заради патување, не поради тоа што се чувствува лошо. За „Макфакс“ тој потврди дека добил позитивен тест, но следниот ден го повторил и добил негативен резултат.

„Немав и се уште немам никаков симптом на коронавирус. Ме прашувате зошто не сум се изолирал по тестирањето, тоа е едноставно, јас отидов да се тетсирам оти имавме уплатено зимување Банско од 20 до 23 јануари. Бугарија ги смени правилата за влез и покрај вакцините бараа и ПЦР тест, па затоа го направив тестот. Излезе позитивен и многу ме зачуди, не очекував затоа што немам симптоми, никој дома не е позитивен, па затоа следниот ден направ уште еден тест. Вториот тест излезе негативен, но без разлика на тоа откако го добив решението останав дома, не заминав во Банско“, објасни градоначалникот Пецаков и до „Макфакс“ го испрати негативниот тест.

Двата теста ги направил во истата лабораторија, единствена во Охрид и двапати си платил за тестирањето по 1800 денари.

Резултатите ги добил доцна попладнето- не постапил спротивно од Кривичниот законик

Според информации на „Скопје 1“, Пецаков се тестирал на празникот „Водици“ изутрината, само за да може да ја напушти државата и да оди на Водици. Немал контакт со заразен, ниту пак, имал симптоми и здравствени проблеми. Резултатите од наводен позитивен тест, ги добил доцна попладнето, по што повторно се тестирал бидејќи се сомневал и добил негативен резултат. Тоа значи дека градоначалникот не постапил спротивно на ниту една одредба од Кривичниот законик.

И Максим Димитриевски беше дел од ваква хајка

Инаку, доколку биде гонет, Пецаков ќе е првиот функционер за кого е побарана кривична одговорност поради самоизолација. Досега е познат само случај каде функционер е гонет за непочитување на изолација, а тоа е градоначалникот Максим Димитриевски. Но, кривичната пријава беше отфрлена од Обвинителството.

Заеднички за двата случаи, кај Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ и Димитриевски од СДСМ е што обвинуваа дека имаат политичка позадина. За потсетување, Димитриевски ја напушти партијата откако сопартијците отворија фронт против него, особено во моментите кога се тврдеше дека го загрозил туѓото здравје откако бил заразен со корона.

Пецаков веднаш се изолирал откако добил позитивен резултат

Инаку, по добивањето на позитивниот резултат за корона тестирањето, Пецаков веднаш се изолирал и немал никакви контакти. Тој се сомневал во релевантноста на тестот, го повторил, па бил негативен. Но и по овој резултат, останал во изолација, бидејќи надлжените не му го укинале решението.

Важно е да се напомене дека има разлика помеѓу изолација и самоизолација. Во изолација, сите позитивни одат со решение од ДСЗИ, а нејзиното непочитување е кривично дело. Самоизолацијата, претставува прекршочно дело со парична казна.

kurir.mk

Претходно

Погребана девојката од Радовиш која го загуби животот кај Сити Мол

Следно

Над една третина од тестираните позитивни на ковид во Албанија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian