ВИДЕО | ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Директори на ЈП Паркинзи ослободиле фунционери од плаќање паркинг

2 mins read

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната прес конференција објави дел од списоците за коишто рече дека им биле доставени од укажувач, на коишто се наведени стотици автомобили на функционери од власта и членови на Демократскиот сојуз, на СДСМ, на ДУИ кои биле ослободени од плаќање паркинг во Скопје.

Возилата на листите се на имиња на Борче Јакимовски најчесто и на Владимир Кроневски, кој што се доскорешни директори на паркингот во Скопје, инаку членови на претседателството на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, дел од владината коалиција на СДСМ и ДУИ. Возила има и на име на Славче Јовановски, актуелен советник во Град Скопје. Инаку, и тој дел од највисокото раководство на Демократскиот сојуз на Павле Трајанов, соопшти Стоилковски.

-Јасно е дека ова се списоци коишто укажуваат дека Демократскиот сојуз е во власта и е сателит на СДСМ за да може врз грбот на народот да ползува бенефиции. Во спротивно овие тројца кој што ги набројав, Јакимовски, Кроневски, како и Јовановски сами имаат околу 400 возила кои што ги пријавиле за неплаќање паркинг, речиси на сите зони во Скопје, вели Стоилковски.

Тој рече дека меѓу повластените кои не плаќале паркинф се Мартин Попов, актуелен шеф на кабинет во владата на премиерот, поранешниот градоначалник на Аеродром, Златко Марин и Душко Весковски, доскорешен директор на Водовод во Скопје.

Стоилковски вели дека станува збор за најмалку 400 возила со кои, како што рече, може да се наполни цела една катна гаража. Според ценовникот на катните гаражи Стоилковски пресметал дека за четири години повластените потрошиле или, всушност заштедиле над два милиони евра за паркирање низ Скопје, колку што чини годишна карта за 400 возила, за четири години во катните гаражи во Скопје.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ивановски елиминиран на стартот на јуниорскиот турнир „Австралија опен“

Следно

Стоилковски: Извадени списоци – ДС се уште се соучесници и покритие на криминалиите на СДСМ и ДУИ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian