ВИДЕО: Рашфорд во финишот му донесе триумф на Манчестер јунајтед

1 min read

Денеска Манчестер јунајтед го совлада Вест Хем со 1:0 (0:0), во натпреварот од 23. коло во Премиер лигата.

Не беше толку возбудлив мечот во кој видовте само три удари во рамките на голот. Најдобрата шанса за „црвените ѓаволи“ ја имаше Фред во 50. минута, кога Ареола му го одбрани ударот.

„Чеканите“ во поголемиот дел од средбата беа и подобар ривал, но во 93. минута следуваше шок за гостите.

Домаќините имаа контра во последните секунди, Кавани го пронајде Рашфорд на втората статива, англискиот репрезентативец успеа да ја затресе мрежата. Се прегледуваше преку ВАР дали сè е регуларно и на крајот голот беше признат.

Лидс беше совладан дома од Њукасл со 0:1, а претходно Евертон загуби пред своите навивачи од Астон Вила.

Табела: Манчестер сити 56 бодови, Ливерпул 45, Челси 44, Манчестер јунајтед 38, Вест Хем 37, Тотенхем 36…

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Џенифер Лопез со нов тренд за 2022: Џинс долго здолниште за ефектен изглед

Следно

Погребана девојката од Радовиш која го загуби животот кај Сити Мол

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian