ВИДЕО: Интер ита кон Скудетото, Џеко не дозволи сензација на „Џузепе Меаца“

1 min read

Фудбалерите на Интер денеска во Милано ја совладаа екипата на Венеција со 2:1, во натпреварот од 23. коло во италијанската Серија А.

Венеција поведе со голот на Том Анри во 19. минута. Францускиот фудбалер го искористи центаршутот на Итан Ампаду и со глава се запиша во листата на стрелците.

Николо Барела израмни во 40. минута, откако дојде до одбиена топка по ударот на Иван Перишиќ. Победата за домашните ја донесе Един Џеко во 90. минута, кој беше највисок во скокот по уфрлената топка на Дензел Дамфрис.

Интер е водечки во Серија А со 53 бодови, додека Венеција е на 17 позиција со 18 бодови.

Во следното коло Интер го пречекува градскиот ривал, второпласираната екипа Милан, а Венеција го пречекува Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Синот на Аки Рахимовски во болка: Пред да замине ми рече да се чувам себеси и семејството

Следно

Во овој град во Македонија има најмал број на активни случаи на коронавирус

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian