ВИДЕО | Готвиме со Маја: Лесни триаголници

2 mins read

Лесни триаголници

– 100 г фета сирење
– 100 г чедар сирење
– 100 г свинска шунка
– 1 јајце
– 100 мл млеко
– 10 грама Долчела прашок за пециво
– 300 грама пченично брашно
– 1 лажица сол
– 1/2 китка магдонос
– 1 лажичка мелен лук
– Сончогледово масло

готвиме со маја
Фото: Промо

1. Во сад со маталка изматете го млекото и јајцето и додадете сушен лук, сол, фета сирење и убаво спојте ги состојките
2. Додадете пециво, ситно сецкан магдонос, шунка исечкана на ситни коцки
3. Потоа постепено додавајте од брашното и соединете го со мокрите состојки. Додавајте брашно по потреба
4. Префрлете го на набрашнета површина и продолжете со месење додека не добиете меко тесто.
5. Со сукало развлечете тесто со дебелина од половина милиметар и исечете го на ленти а потоа и на коцки
6. Во секоја коцка (квадрат) ставете кашкавал и преклопете на триаголник. Краевите стиснете ги со прсти за да се затвори
7. Се ставаат во длабоко и многу загреано масло и пржете додека не заруменат од двете страни.

готвиме со маја
Фото: Промо

Полнети американски палачинки

– 2 јајца
– 40 г шеќер
– 1 лажица масло
– 20 грама мед
– 10 мл вода
– 100 г брашно
– 1 прашок за пециво
– 1 ванила шеќер
– Лино крем
– Подравка џем

1. Јајцата (на собна температура) ставете ги во сад, ставете точно 10 мл вода и помешајте
2. Додадете мед, шеќер, ванилин шеќер, пециво, и малку сол и измешајте
3. Потоа додадете брашно и убаво соединете (треба да добиете смеса со густина како јогурт)
4. Во тава каде што ќе ги пржите ставете малку путер колку да ја намастите тавата и со помош на длабока лажица ставете на средината од смесата
5. Пржете ги како класични американски палачинки
6. Кога ќе бидат готови, со помош на тенок шприц наполнете ги со крем

готвиме со маја
Фото: Промо

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

133 санкционирани возачи во Скопје, 26 за брзо возење

Следно

Лирман: Треба што поскоро да се отворат пристапните преговори за Северна Македонија и за Албанија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian