ВИДЕО: Французите немоќни, ракометно шоу на Исланд во Будимпешта

1 min read

Репрезентацијата на Исланд оствари победа, изненадувачки висока над Франција со 29:21 во натпреварот од главната фаза на Европското првенство.

Убедливо најдобрата игра на првенството досега ја прикажаа Исланѓаните. Доминираа и во нападот и во одбраната, ја казнуваа секоја грешка на фаворитите, со агресивна одбрана целосно ги затворија сите приоди кон својот гол, па повеќе од заслужено стигнаа до триумфот.

После првото полувреме имаа „плус седум“ (17:10), а во вториот дел само ја одржуваа предноста.

Најефикасен во победничките редови беше Магнусон со 10 голови, а кај „триколорите“ по пет имаат Дескат, Мине и Турна.

На табелата во групата „1“ Данска, Франција и Исланд имаат по четири бодови, по два Холандија и Црна Гора, а ниту еден Хрватска.

ВИДЕО: Црна Гора не успеа да слави и против Холандија на ЕП

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Орхидеја, вистинска убавица во домот: Како да ја чувате правилно?

Следно

БЕГ: Нема да се потроши и плати ниту килограм мазут

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian