ВИДЕО | Бојан Маровиќ на посета во Крушево: Не го заборава Тоше Проески

1 min read

Нашиот Тоше Проески е незаборавен меѓу своите пријатели и неговиот вечен дом е често посетен од музичарите со кои тој соработуваше или едноставно им беше добар пријател.

Таква беше и приликата на црногорскиот пејач Бојан Маровиќ, кој дојде на посета во родниот град на Тоше, Крушево. Тој сподели на својот фејсбук профил видео во кое прави снимка на снежните патишта додека возат кон градот и напиша:

„Крушево <3

Искористивме прилика малку да одмориме, да искористиме ден помеѓу настапи и да посетиме некои драги луѓе, градот на мојот покоен другар Тоше, град кој дише во неговата музика и неговото дело.

Среќен сум, музиката ме однесе меѓу добри луѓе, затоа морам да работам што повеќе. Уживајте во овие зимски моменти“.

Тој сподели и фотографија од престојот во Крушево, но и „стори“ на инстаграм од посетата на спомен-куќата на Тоше.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

САД се против планот за рефрми на СЗО

Следно

ВИДЕО: Јокиќ испиша нова историја со Денвер во НБА лигата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian