Трајковски: Не се предаваме, Македонија има шанса да се пласира на Мундијалот

1 min read

Македонската сениорска репрезентација ја делат уште две победи до историски пласман на Светското првенство кое ќе се одржи годинава во Катар.

Во полуфиналето од мундијалскиот бараж избраниците на селекторот Благоја Милевски на 24 март ќе гостуваат кај актуелниот европски шампион Италија.

Победникот од тој меч пет дена подоцна на гостински терен ќе игра со подобриот од пресметката Португалија – Турција. Според најавите дуелот помеѓу Италија и Македонија ќе се одигра во Палермо, иако се објавија и шпекулации дека можно е дури овој меч да биде организиран на неутрален терен.

Токму во Палермо за тамошниот клуб настапуваа нашите репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски кои оставија значаен белег за екипата со своите настапи и голови.

Трајковски, кој моментно е дел од данскиот клуб Алборг (на позајмица од Мајорка), се радува што дуелот против Италија ќе се игра во Палермо на стадионот „Ренцо Барбера“.

– Кога дознав дека ќе играме против Италија, си реков дека ова ќе биде посебен меч и дека ќе се игра во Палермо. Тоа е прекрасно, ќе се вратам во тој град каде што имав добри моменти. Ќе биде еден добар натпревар, возбудлив, за мене и за Македонија.

Ја имаме шансата да се пласираме на Светското првенство, ќе се подготвуваме добро, имаме млад состав. Пандев ја напушти репрезентацијата, ни недостасува. Но, ќе се бориме, играме со срце. Не се предаваме, имаме квалитет – вели Трајковски во интервјуто за „ТутоМеркатоВеб“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Антониа Гиговска го прослави својот 21 роденден: Забава, насмевки и честитки од сите страни

Следно

Радев и Јотова и официјално со втор мандат како претседател и потпретседател на Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian