Италијанскиот селектор Роберто Манчини ќе го повика Марио Балотели за првпат во три години за претстојната репрезентивна пауза.
Балотели (31) моментно игра во Турција за екипата на Адана Демирспор и има добри настапи, постигнувајќи седум голови, запишувајќи две асистенции во 18 настапи оваа сезона.
Балотели подолг период не беше во потребната форма, со разочарувачки перформанси во дресот на Бреша и Монца.
Како што објави и новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер профил, Манчини одлучи да го повика Балотели кој има 36 настапи и 14 голови досега за италијанската селекција.
Соработуваше со Манчини додека беа заедно во Манчестер сити и во чиј дрес познатиот „Супер Марио“ успеа по еднаш да ги освои Премиер лигата и ФА купот.
Mario Balotelli’s back. Roberto Mancini will give him a new chance. Official soon. 🇮🇹 #Italia https://t.co/wyuxmwHtYI
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 22, 2022
Трајковски: Не се предаваме, Македонија има шанса да се пласира на Мундијалот