Во последните 24 часа во Србија против ковид биле тестирани 30.288 лица, од кои 14.717 биле позитивни, додека 28 лица починале. На респиратори во болниците во моментов има 113 пациенти.
Бројот на лица кои се лечат од ковид во болниците е 2.768.
Да потсетиме, во Србија вчера беа тестирани 34.817 лица, од кои 16.403 биле позитивни, а 30 лица починаа. Вкупниот број на хоспитализирани вчера беше 2.729 пациенти.