Орхидеја, вистинска убавица во домот: Како да ја чувате правилно?

1 min read

Орхидејата е едно од најубавите декоративни цвеќиња што љубителите на цвеќиња можат да ги имаат во својот дом. Барем оние што чуваат, знаат колку внимание е потребно и колку е чувствителна. Освен умерено поливање, потребна е и дополнителна храна за земјата за подолго да уживате во нејзините цветови.

Има еден мал трик кој позитивно влијае на орхидејата, а тоа е верувале или не – банана.

Орхидеја, цвеќе
/ Alamy / Alamy / Profimedia

Според искуствата на цвеќари, еден едноставен рецепт може да им помогне на овие убавици во домот да потраат подолго во сиот свој сјај и убавина.

Бананата се препорачува затоа што содржи фосфор, магнезиум и калциум. Овие супстанци влијаат на подолгиот животен век кај билките.

Подготовка:

Две кори од банана ставете во сад и полијте ги со две литри вода. Оставете ги да отстојат два дена. Смесата потоа разредете ја со вода во размер 1:1. Со оваа вода наливајте ја орхидејата како што тоа го правите вообичаено.

За неколку дена ќе видите резултати!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Славој Жижек за „Јутарњи лист“: Животот по пандемијата, капитализмот и левицата во светот

Следно

ВИДЕО: Французите немоќни, ракометно шоу на Исланд во Будимпешта

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian