Неверојатно: На вдовица ѝ стигнало писмо од сопругот по неговата смрт: Не можев да поверувам, но тоа е неговиот ракопис

2 mins read

Писмата кои стигнуваат подоцна од што треба, стануваат вистински трогателни приказни. Таков е и случајот со наредникот Џон Гансалвас, кој испратил писмо до мајка си, кое никогаш не стигнало до неа. Но, стигнало кај неговата фамилија 75 години подоцна.

Џон Гансалвас имал 22 години кога пишувал писмо до мајка си во Вобурн во декември 1945, по завршувањето на Втората светска војна. Писмото лежело неотворено повеќе од 70 години, а било пронајдено во дистрибутивниот објект на поштенската служба во Питсбург.

Во писмото пишува:

„Драга мамо, го добив твоето писмо денес и среќен сум што ми пиша дека сè е во ред. Што се однесува до мене, добро сум и добро се снаоѓаме овде. А што се однесува до храната – навистина е лоша“ – напишал тогаш војникот.

Во потписот на писмото стои:

„Ти праќам љубов и бакнежи, твојот син Џони. Се гледаме наскоро, се надевам“

Гансалвас и неговата мајка се починати. Но, американската пошта ја нашла адресата на вдовицата на Гансалвас, Анџелина, која војникот ја запознал во почетокот на 1950 година.

Вработените во поштата го пратиле писмото во кое напишале „доставувањето на ова писмо за нас е од огромна важност“. Откако семејството на починатиот го примило писмото и се заблагодариле трогнати.

„Не можевме да поверуваме. Но, го видов неговиот ракопис и знаевме дека тоа е тоа“ – изјави Анџелина.

Иако празниците ги поминува без својот сопруг кој починал во 2015, жената по добивањето на ова писмо изјавила:

„Овој празник некако ми е поинаков. Како да ми се врати Џон повторно“

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Токио регистрира рекорден број новозаразени со коронавирусот

Следно

ВИДЕО: Сегунда сè поблиску, Барди и Леванте не можат ни против Кадиз

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian