Над една третина од тестираните позитивни на ковид во Албанија

1 min read

Над една третина од тестираните, во последното деноноќие во Албанија, биле позитивни на Ковид-19, информираше Министерството за здравство.

-Продолжуваат рекордните бројки на новозаразени на дневно ниво, што е последица на непочитувањето на мерките и протоколите. Во последното деноноќие опасниот вирус е потврден кај 2.230 граѓани, што е 33,7 отсто од тестираните. Апелираме на строго почитување на мерките за заштита и што поитна имунизација, стои во соопштението на министерството.

Според истиот извор се зголемува и бројот на оние на кои им е неопходен болнички третман.

Моментно активни на болеста се 24.436 лица, од кои болнички се третираат 146 при што 14 од нив се во критична состојба.

Во земјата во последните три недели, бројот на заразени на дневно ниво, во просек е 2.200 лица, главно заразени со омикрон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Власта не може да го прежали поразот во Охрид: Хајка против Пецаков, основ за кривична нема, тој се изолирал веднаш откако добил позитивен резултат

Следно

На Самоа досега 18 случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian