КК Феникс 2010 го декласираше Работнички со 51 кош разлика

1 min read

Денеска во најсилното македонско првенство составот на Феникс 2010 на домашен терен со 102:51 му нанесе дебакл на Работнички.

Новото засилување во редовите на КК Феникс 2010, нашиот репрезентативец Бојан Трајковски беше прв стрелец со 17 поени, пет скокови и шест асистенции.

За тимот од Градски парк Ваљмир Какруки забележа „дабл-дабл“ учинок од 13 поени и 12 скокови.

Се одиграа уште две средби, КК Ангели славеше минимално кај МЗТ Скопје Уни Банка со 81:82, додека Гостивар со 84:96 славеше кај Куманово.

Табела: Пелистер 24 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 21, Гостивар 21, Феникс 2010 20, ФМП Академија 20, Работнички 20, Еуро Никел 18, ТФТ 18, Кожув 17, Куманово 17, МЗТ Скопје Уни Банка 15, КК Ангели 14.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Спасете си ја кожата од студот: Три брзи маски за меки раце

Следно

УХМР СО НАЈНОВА ПРОГНОЗА: Многу студено време во следните денови, температурите и под -10 степени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian