Како да ја лекувате кашлицата ако се заразите со коронавирус и дали смеете да земате антибиотици?

3 mins read

Брзото ширење на омикрон предизвика глобална загриженост. Моменталните податоци покажуваат дека омикрон предизвикува поблага клиничка слика, но и покрај тоа, треба да се биде претпазлив, бидејќи иако предизвикува благи симптоми, омикрон може да доведе до некои респираторни компликации.

Д-р Паван Јадав наведува дека омикрон предизвикува поблаги симптоми кои наликуваат на настинка, а најчести се зголемена телесна температура, кашлица, течење на носот и болки во телото. Сепак, лекарот повикува на внимание, особено кај оние лица кои имаат коморбидитети, кои се повозрасна или земаат некои имуносупресиви.

Д-р Реџендер Сајни вели дека не смееме премногу да се опуштаме и покрај благите симптоми.

– Премногу е рано да предвидуваме колку е сериозна оваа варијанта – додава тој.

Кашлица – најчест симптом кај сите варијанти

Ковид-19 е респираторна болест која може да предизвика широка лепеза на симптоми, од благи до умерени. Во некои случаи, може да предизвика и потешка клиничка слика која може да резултира со хоспиталиција или смрт.

Д-р Сајни наведува дека омикрон во најголем процент влијае на горниот респираторен систем и предизвикува болно и воспалено грло, како и кашлица. Сувата кашлица е најчестиот симптом на ковид-19, покажала студијата објавена во стручното списание „Лансет“. Помеѓу 60 и 70 отсто од сиптоматските пациенти заразени сo SARS-Cov-2 пријавуваат сува кашлица како почетен симптом на болеста.

Упорната кашлица може да биде многу непријатна. Д-р Сајни објаснува дека кашлањето е механизам со кој телото се обидува да ги прочисти дишните патишта од одредени иритирачки материи.

Тоа е природно одбранбено дејство на телоот да ги потисне надразнувачките материи како што се слуз, полен, чад или алерген. За среќа, постоја низа начини , како медицински, така и природни, со кои кашлицата може да се ублажи.
Д-р Сајни објаснува дека упорната и постојана кашлица може да се лекува со гаргара, антиалергиски лекови што ги препишува лекар и слично.

Покрај тоа, клучно е да се внесуваат многу течности за болниот да не дехидрира, како и многу хранливи состојки. Но, во потешките слуачи, лекарите препорачуваат лекови како инхалатори/деконгестивни пастили, но само кога ќе ги препише лекар.

Треба ли да се земаат антибиотици?

Ковид-19 е вирусна болест и важно е да се нагласи дека антибиотиците не делуваат на вирусни инфекции. Антибиотиците се ефикасни во лекување на секундарни бактериски инфекции, нагласува д-р Јадав.

Значи, антибиотици не се користат за лекување на ковид-19 и други вирусни болести. Прекумерната употреба на антибиотици подразбира антибиотик и кога тоа не е потребно.

Според  податоците на Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), помеѓу една третиан до половина од употребата на антибиотици е непотребна или несоодветна.

Претераното користење антибиотици може да создаде отпорност на бактериите на антибиотици. Поради постојаниот контакт со антибиотици, бактеријата станува поотпорна и учи да се прилагодува.

Освен тоа, антибиотиците може да предизвикаат одредени нуспојави, вклучувајќи вртоглавица, повраќање, габични инфекции и во тешки случаи, алергиски реакции, отежнато дишење и уште многу друго.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Рио и Сао Паоло се одложуваат карневалите

Следно

ИНТЕРВЈУ Д-р Иво Босилков: Вистинскиот агент на промена може да биде само надидеолошки!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian