ФОТО | Џенифер Лопез со нов тренд за 2022: Џинс долго здолниште за ефектен изглед

1 min read

Поп ѕвездата Џенифер Лопез е предвесник на трендови во модата, а така е и на самиот почеток на новата 2022. Латино пејачката и глумица прошета во едно доста интересно модно парче кое навестува интересна, ретро пролет.

Наместо кратките здолништа, хитот со кој Џеј Ло ги „освои“ улиците како да се модна писта се долгите џинс здолништа.

Таа на прошетка со својата ќерка Ем носеше долга џинс верзија на кратката мини варијанта. Додека кратките типови на овие парчиња облека се вечен тренд, се предвидува дека наредна сезона сепак ќе преовладуваат долгите модели.

И макси варијантата на ова здолниште ја комбинираше со кратко пресечена маичка во комбинација со Шанел торбица и каубојски чизми.

Па, да ја почекаме пролетта што поскоро со ваков моден израз.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Мексико во 2021 година биле убиени над илјада жени

Следно

ВИДЕО: Рашфорд во финишот му донесе триумф на Манчестер јунајтед

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian