Македонската поп пејачка од помладата генерација, Антониа Гиговска вчера на 21 јануари го прослави својот 21 роденден.
Младата дама го дочека утрото со многу честитки од своите блиски, пријателите, но и од момчето. Антониа цел ден споделуваше „сториња“ на својот инстаграм профил на кој може да се видат безброј заеднички фотографии од неа и нејзините пријатели, фанови, но и другари од музичкиот свет.
Таа сподели „стори“ и со Дарко Димитров, на кого исто така му беше роденден и напиша:
„Брат, нека ни е среќен роденденот, да сме здрави и живи, многу хитови нè чекаат“

Но, освен со Дарко, таа сподели и стори со нејзината другарка и пејачка Мартија Станојковиќ, која на „сторито“ напиша:
„Легално 21“

Антониа Гиговска е една од помладите гласови на македонската музичка сцена, а јавноста ја запозна како надежен вокал на музичкото натпреварувачко шоу „Пинкови ѕвездички“ каде го освои седмото место.