Јанев: Бугарија ќе прифати седум воени авиони од Шпанија и Холандија

1 min read

Пет воени авиони Еурофајтер од Шпанија и два Ф-35 од Холандија ќе го чуваат воздушниот простор на Бугарија, изјави министерот за одбрана на Бугарија, Стефан Јанев по церемонијата на инаугурација на претседателот Румен Радев и потпретседателката Илијана Јотова. Шпанија и Холандија понудија да испратат борбени авиони во Бугарија поради зголемените тензии меѓу Русија и НАТО.

Авионите од Шпанија и Холандија ќе ја извршуваат задачата за заштита на воздушниот простор на Бугарија, кои ќе бидат заедно со бугарските пилоти, изјави Јанев. В понеделник бугарската влада ќе одлучува за шпанските сили, а воените авиони од Холандија треба да пристигнат во Бугарија во април-мај.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стоилковски: Извадени списоци – ДС се уште се соучесници и покритие на криминалиите на СДСМ и ДУИ

Следно

Почина пејачот на „Парни Ваљак“ Аки Рахимовски на 67 годишна возраст

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian