Во наредните денови нè очекува многу студено време, во утринските часови ќе биде и до -15

1 min read

Следните денови времето ќе биде многу студено и ветровито со умерен до засилен северозападен ветер. Утринските температури на многу места ќе се спуштаат околу -10 степени, а дневните ќе бидат околу и под нулата.

Како што информира УХМР, поради ниските температури се очекува појава на голомразица. Повремено ќе има зголемување на облачноста со услови за провејување на слаб снег, особено во вечерните часови и во северните делови.

Утре, најниската утринска температурата ќе биде -12 во Тетово, а максималната дневна четири степени во Гевгелија. Во Скопје температурата ќе се движи од -9 до два степена.

Во вторник се очекува најниската утринска температура да изнесува -15 степени.

Според прогнозата на УХМР, најстудено ќе биде во понеделник со дневна температура од -5 до два степена.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Русија испрати против-воздушни системи С-400 во Белорусија на воена вежба

Следно

ФОТО | И идните кралеви се луѓе: Принцот Чарлс сам си го мести креветот и се капе исклучиво во млака вода

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian