Атлетик Билбао се пласираше во четвртфиналето на шпанскиот Кралски куп со победата од 3:2 против Барселона после продолженијата.
Два гол за Билбао реализираше Икер Муниаин, еден Иниго Мартин, а стрелци за каталонскиот состав беа Феран Торес и Педри.
Натпреварот беше решен во 102 минута кога Муниаин беше прецизен од белата точка, претходно со раката во казнетиот простор играше Жорди Алба.
Во четвртфиналната фаза на ова натпреварување се најдоа уште Мајорка, Кадиз, Рајо Ваљекано на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, потоа Валенсија, Реал Бетис, Реал Сосиедад и Реал Мадрид.