ВИДЕО | Мангутова – Стоилковска: Во С Македонија се точат квалитетни горива

2 mins read

Во земјава не се увезуваат нафтени деривати со низок квалитет и параметри кои не ги задоволуваат критериумите тврдат надлежните. Уверуваат дека се што ќе стигне до царина се проверува и доколку се утврдат неправилности и несоодветен квалитет не се пушта во внатрешен промет.

За да се засили ваквата контрола, но и да се убрза постапката, во Бирото за метрологија е инсталирана нова лабораторија со која досегашните постапки за утврдување на квалитетот кои траеа и до три дена сега ќе се убрзаат на само неколку часа.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со д-р Бианка Мангутова – Стоилковска, менаџер за квалитет на овој лабораториски центар.

-Лабораторијата за тестирање на нафта и нафтени деривати во Бирото постои уште од 2019, но досега беше само во форма на мобилна метрологија, значи кобме кое што заедно со колегите од Државниот пазарен инспекторат одеше на терен, вели таа.

-Сега имаме фиксна лабораторија која што се наоѓа како дел од нашиот лабораториски центар, дел од лабораториите за калибрација и тестирање, се наоѓа во зградата на Бирото за метрологоија и е опремена со нова мерна опрема, комплетно автоматизирана, со која ќе се тестира квалитетот на мазутот, согласно европскиот стандар кој што се однесува на квалитетот на маслата за горење, вели д-р Бианка Мангутова – Стоилковска, менаџер за квалитет.

-Сите методи на испитување согласно европскиот стандард, а тоа се соддржината на сулфур, кокс, пепел, вода, како и квалитативните својства на на маслата за горење, дестилацијата, густината, точката на палење, топлинската моќ на маслата за горење ќе бидат тестирани, вели д-р Бианка Мангутова – Стоилковска.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зеленски за изјавата на Бајден: Нема помали напади, исто како што нема помали жртви

Следно

Дневен хороскоп за 21 јануари: Одличен ден за напредок на работа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian