ВИДЕО | Гневни демонстранти го опколија Абазовиќ, не му дозволија да им се обрати

1 min read

Црногорскиот вицепремиер Дритан Абазовиќ, чија политичка партија Обединета реформска акција (УРА) поднесе иницијатива за гласање недоверба на црногорската влада, на вечерашниот протест во Подгорица се обиде да им се обрати на граѓаните кои протестираат против неговите предлози, објави „Новости“.

Инцидентот се случил пред зградата на Радиотелевизија Црна Гора, каде Абазовиќ пристигнал за да гостува, а граѓаните кои протестираат против предложената промена на црногорската влада биле собрани токму пред јавниот сервис.

Абазовиќ успеал само на кратко да им каже дека нема да има предавство и дека Демократската партија на социјалистите (ДПС) на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ нема да се врати на власт, но насобраните граѓани го исвиркаа, скандираа против него, но и го навредуваа.

По инцидентот, Абазовиќ продолжил кон зградата на Радиотелевизија Црна Гора.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Советот на амбасадори му замери на Петков бидејќи кажа каков амбасадор ќе пратиме во Софија

Следно

Принцот и неговите мечиња: Принцот Ендру опседнат со распоредот на неговите плишани играчки, персоналот со посебна обука за тоа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian